Блинкен: Сè додека постојат САД, Израел никогаш нема да мора да се брани сам

од Stefanija Kuzmanovska

Сè додека постојат САД, Израел никогаш нема да мора да се брани сам, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен за време на посетата на Тел Авив, во знак на солидарност.

Блинкен истакна дека му испраќа порака на Израел дека Америка секогаш ќе биде покрај него и дека нема да мора да се брани сам, иако можеби е доволно силна да го стори тоа.

Американскиот државен секретар истакна дека првите пратки американска воена помош веќе се пристигнати во Израел, а следните се веќе на пат.

Слични содржини