Бојкотот ја направил разликата во бројот попишани државјани во дијаспората, вели Османи

од Берта Китинска

Повикот за бојкот беше најголемиот фактор за малиот број попишани наши државјани во одредени држави и ние го почувствуваме тоа во текот на Пописот, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг, коментирајќи ја разликата во бројот на лица кои со Пописот се вбројани во дијаспората и оние кои се пресметани според бројот на државјанства.

– Уште за време на пописот нашите дипломати не информираа дека повикот за бојкот го дава резултатот, особено во Канада, САД и Австралија и тоа, за жал, се одразува и во бројките кои што ги имаме, нагласи Османи.

Тој потенцираше дека сите наши дипломатско-конзуларни претставништва (ДКП) биле максимално ангажирани подеднакво во секоја држава.

– Сега се разбира во Европа имаме повеќе ДКП којшто можат да покријат за нашите во дијаспората, за разлика од Австралија каде што имаме една Амбасада и Конзулат на целата територија на Австралија и не можат ни физички да ја покријат, за разлика од Европа каде може тоа физички да се постигне, наведе Османи.

Слични содржини