Бојкотот на Марез продолжува, доби казна од 200.000 фунти

од Vladimir Zorba

Ријад Марез нема да се појави на тренингот на Лестер за четврт последователен ден, тврдат медиумите на Островот. Алжирецот се сокри уште на 30 јануари, кога Манчестер Сити ја направи првата понуда за него.

Следниот ден двата клуба не успеаја да се договорат за трансферот поради преголема цена која Лестер постави на играчот – 95 милиони фунти. По неуспешниот трансгер, Марез паднал во депресија, изјави близок пријател за медиумите на Островот.

Освен тоа Алжирецот е навреден од односот на клубот и поради оваа причина вчера исто така не се појави на тренингот. Бојкотот ќе трае и денес, а од клубот дури и не знаат каде точно се наоѓа играчот и не можат да ја исполнат својата обврска кон ФА да посочат точна адреса, на кој инспекторите задолжени за допинг тестовите, можат да го најдат.

Од „Кинг Пауер“ стадионот имаат намера да го казнат Марез со две неделни плати – 200.000 фунти. Според „Сан“, пак, некои од соиграчите на Алжирецот веќе се насочиле против него поради хаосот што го предизвикуваат неговите бојкоти.

Слични содржини