Болт: Роналдо е супер-спортист, побрз е од мене

од Vladimir Zorba

Најбрзиот човек на сите времиња, Усеин Болтон, зборуваше за Кристијано Роналдо.

Јамајканецот смета дека Роналдо е побрз од него и дека би го победил во трка.

„Тој е сè уште активен и тренира цврсто и напорно секој ден. За мене, тој е супер-спортист“, рече Болт и додаде: „Тој е секогаш на врвот во својот спорт и секогаш е фокусиран. Мислам дека сега е побрз од мене“.

Болт инаку ја заврши кариерата како спринтер и се испроба како фудбалер.

„Да останев да играм во Европа, ќе поминев подобро, ќе направев повеќе. Кога отидов во Австралија, сакав само да се дистанцирам од медиумите и сето тоа внимание. Сепак, ако играв во Европа, ќе имав подобри соиграчи и подобри тренери, Би помогнал повеќе. Можев да играм подолго и да бидам многу подобар“, смета Болт.

Слични содржини