Бомба експлодираше во центарот на Атина

од Stefanija Kuzmanovska

Експлозивна направа експлодирала денеска во центарот на Атина во близина на зградата на Големата масонска ложа на Грција, втората бомба била деактивирана со контролирана експлозија, нема жртви, јави грчката јавна телевизија ЕРТ.

Пред експлозијата бил примен предупредувачки повик, објави ТВ каналот.

Зградата на масонската ложа се наоѓа помеѓу улиците Ахарнон и Сурмели, експлозијата се случила утрото околу 06:30 часот, избувнал пожар кој пожарникарите го изгаснале.

„Жртви нема, предизвикана е само материјална штета. Пронајдени се остатоците од експлозивниот механизам“, јави телевизијата.

 

„Во текот на истрагата, во внатрешноста на зградата е пронајдена сомнителна кутија, која била прегледана од вештаци од Управата за деактивирање на неексплодирани убојни средства. Утврдено е дека во кутијата има експлозивна направа и извршена е контролирана експлозија“, се наведува во соопштението.

Весникот „Прото тема“ пишува дека експлозивната направа била рачно изработена, а експлозијата била со мала моќност, пренесе РИА.

Слични содржини