Да го (про)славиме 11 октомври, како што доликува со борба со пркос, со крената глава. Нема назад ,одиме напред , на улица, борбата продолжува. Напред за Македонија!
И да се потсетиме зошто БОРБАТА мора да продолжи и зошто мораме напред, а не да се враќаме во фашизмот:
Декларација на АСНОМ за основните права на граѓанинот на демократска Mакедонија
1. Сите граѓани на федералната македонска држава се еднакви и рамноправни пред законите, не гледајќи (на) нивната народност, пол, раса и вероисповедание.
2. На националните малцинства на Македонија се осигуруваат сите права на слободен национален живот.
3. На секој граѓанин му е гарантирана сигурноста за личноста и имотот, загарантирано е правото на сопственост и часната иницијатива во стопанскиот живот.
4. На секој граѓанин му е загарантирана слободата на вероисповеданието и слободата на савеста.
5. На сите граѓани им се гарантира слободата на говорот, печатот, собирането, договорот и слободата на дружението.
6. Изборното право на демократска Македонија го вршат избирачите со тајно гласуване на основание на општото, еднаквото, непосредното и личното изборно право.
7. Правото да избируат и да бидат избирани во сите изборни тела во народната власт (го) имајат секој граѓанин и секоја граѓанка кој се наполниле 18 години, ако не се провинени за некоје престапление. До дека траје Народно-ослободителната војна, по решение на АСНОМ, може да се отстапи от принципите на тајното и непосредното гласуване.
Малоумните лица, како и лицата кој се провинети по отношение на интересите на Народно-ослободителната војна, се лишават от правата по точка 5 и 1 на оваја декларација.
8. Должност и чест е на секој за оружје способен граѓанин, без разлика на Народно-ослободителната војска и партизанските одреди.
9. Се забранува и прогонуват сите фашиски и профашиски дејствија, оти се против слободата и независноста на братската заедница на народите во Југославија.
10. На секој граѓанин му е загарантирано правото на жалба против решениата на органите на власта по начин предвиден во законот. Секој граѓанин има право на молба и поплака кај сите државни власти.
11. Народната власт се старае да (ја) отстрани неписменоста и да ја подигне народната култура како и да осигура безплатна просвета.
Во манастирот “Св. отец Прохор Пчињски” на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 година.
За Антифашиското собрание на народното ослободуене на Македонија
Секретар:
Љупчо Д. Арсов
Љ. Арсов, с.р.
Претседател:
Методи Андонов – Ченто
М.А. Ченто, с.р.
Е нека ни е честит и празникот и борбата !
Фејсбук статус на Драган Антоновски