Борел: Апсолутно е неопходно Либан да не биде вовлечен во конфликтот во Газа

од Nikola Popovski

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, денеска порачал дека Либан не смее да биде „вовлечен во регионален конфликт“, во време кога размената на оган меѓу либанскиот Хезболах, палестинскиот сојузник Хамас и израелската војска се интензивира.

„Од клучно значење е да се избегне регионална ескалација на Блискиот Исток, апсолутно е неопходно да се избегне вовлекување на Либан во регионален конфликт“, кажал Борел на прес-конференција во Бејрут, каде што е во посета.

Тој рекол дека испраќа порака и до Израел дека „никој нема да излезе од регионалниот конфликт како победник“.

Борел разговарал со либанскиот премиер Наџиб Миактиа и високи либански претставници за ситуацијата во и околу Газа, вклучително и влијанието на војната и ситуацијата на израелско-либанската граница.

„Гледаме загрижувачко интензивирање на размената на оган преку Сината линија“, навел Борел.

Сегашната демаркациона линија меѓу Израел и Либан е позната како Сина линија, граница назначена од ОН која ја означува линијата до која израелските сили се повлекоа кога го напуштија јужниот дел на Либан во 2000 година. ОН имаат мировни сили УНИФИЛ распоредени.

Борел на мрежата Х по средбата со либанскиот премиер Наџиб Микати напиша дека во фокусот на разговорот била ситуацијата во јужен Либан, влијанието на војната во Газа и ситуацијата во Сирија.

„Се договоривме да работиме заедно преку дипломатија кон деескалација и долгорочна стабилност, кои се во интерес на сите“, истакнал Борел.

Тој на мрежата Х напиша дека се сретнал и со шефот на мировната мисија на ОН во Либан (УНИФИЛ), генерал Аролд Лазар, со кого разговарал за моменталната ескалација на ризиците долж Сината линија.

„Ја потврдив силната поддршка на ЕУ за мисијата на ОН, која игра клучна улога во спречувањето и деескалирањето“, посочил Борел, поздравувајќи ја посветеноста на УНИФИЛ.

Слични содржини