Борел: Бугарија да биде пофлексибилна кон Македонија

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи на Европската унија, Жозеп Борел изјави денеска дека Бугарија треба да биде пофлексибилна по прашањето за проширување на ЕУ кон Западен Балкан.

„Верувам дека Бугарија треба да покаже поголема флексибилност по ова прашање, кое го блокира почетокот на пристапните преговори“, рече Борел на настан во Мадрид.

Претходно оваа недела, лидерите на 27 земји од Европската унија ветија членство на шестте земји од Западен Балкан, повторувајќи ги истите зборови од пред 18 години, но одбија да ја утврдат 2030 година како последен датум за прием поради страв од враќање на мигранти на територијата на Унијата.

Слични содржини