Борел: ЕУ сака да избегне зависност од Кина, како во случајот со рускиот гас

од Stefanija Kuzmanovska
150 прегледи

Европската унија се обидува да ја избегне зависноста од Кина како што беше зависна од рускиот гас, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, повикувајќи на зајакнување на трговијата со Латинска Америка.

„Откривме дека зависностите, кои беа градежни елементи на мирот, се исто така оружје кое може да се сврти против нас“, рече Борел за време на говорот во саботата на Иберо-американскиот самит во Санто Доминго, Доминиканска Република, посочувајќи на „прекумерната зависност на Европа од рускиот гас“, пренесоа агенциите.

Ова излезе на виделина со руската инвазија на Украина, бидејќи Москва го ограничи снабдувањето со гас во Европа и го принуди континентот да најде други патишта за снабдување.

Слични содржини