Борел ги повика членките на ЕУ да одвојат повеќе пари за Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел денеска ги повика земјите-членки да одвојат повеќе пари за трошоците за воена поддршка на Украина.

„Ќе побарам од лидерите на ЕУ да го поддржат предлогот за нова транша за Европскиот мировен фонд, за воена поддршка на Украина, како и мисии за обука“, изјави Борел пред новинарите по пристигнувањето на самитот на ЕУ во Прага, пренесува „Ројтерс“.

Денеска во главниот град на Чешка ќе се одржи неформален Самит на ЕУ, чиј фокус ќе биде одговорот на одлуката на Русија за анексија на четири украински региони.

Слични содржини