Борел: Мариупол е европски Алепо

од Vladimir Zorba

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жосеп Борел изјави дека Мариупол е европски Алепо.

„Град кој е целосно уништен. Со илјадници загинати цивили. Ќе дадеме се од себе оваа војна да заврши што е можно поскоро. И затоа ќе продолжиме да и помагаме на Украина“, напиша Борел на Твитер.

Алепо е сириски град кој претрпе големи разурнувања за време на војната, како и егзодус на населението. Тој е инаку на списокот на светско наследство.

Слични содржини