Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел смета дека преговорите за решение на кризата во Украина најверојатно нема да започнат пред претседателските избори во САД.
Американските избори се закажани за 2024 година.
„Мислам дека тој (рускиот претседател Владимир Путин) ги чека резултатите од американските избори“, рече дипломатот во интервју за шпанското радио Odna Cero, додавајќи:
„Да бев пријател на Путин, како Кинезите, ќе му кажев дека направи огромна грешка, и да ја исправи што поскоро“.
Како што рече, го очекуваат тоа од Кина.