Борел: Тешко е да се одржи однос на доверба со Кина ако тоа не придонесе за мирот во Украина

од Vladimir Zorba

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, изјави дека на Брисел ќе му биде тешко да одржи однос на доверба со Пекинг, доколку Кина не се обиде да придонесе за изнаоѓање политичко решение за украинската криза.

Ова е дел од говорот што Борел требаше да го одржи денеска во аналитичкиот институт во Пекинг, но мораше да го откаже патувањето во Кина бидејќи се заразил со коронавирус.

Подготвеното обраќање е објавено на веб-страницата на Европската унија, пренесе Ројтерс.

Слични содржини