Борисов и Заев се поколнија на гробот на Гоце Делчев во Скопје

од Vladimir Zorba
658 прегледи

Борисов и Заев  денеска на ден Илинден, му оддадоа почит на херојот Гоце Делчев во Скопје

Премиерот Бојко Борисов и неговиот македонски домаќин Зоран Заев утрово положија венци пред саркофагот на Гоце Делчев, кој се наоѓа во црквата “Свети Спас” во Скопје. Со симболичниот гест практично започна примената на потпишаниот вчера билатерален Договор за добрососедство и пријателство помеѓу Република Бугарија и Република Македонија, според кој во еден од членовите  стои и дека ќе има  прослави на “заеднички историски настани“.

Во камен саркофаг во дворот на “Свети Спас”, каде се поклонија двајцата премиери на Македонија и на Бугарија , се наоѓаат посмртните останки на   револуционерот Гоце Делчев (1872-1903),  кого како национален херој го слават во двете држави.  Всушност на саркофагот не пишува ништо друго, освен името на човекот чии посмртни останки се наоѓаат таму, и годините, во кои живеел.

 

Гробот на Гоце Делчев  е во црквата “Св. Спас”  веднаш под калето на стариата чаршија во Скопје. Храмот датира од 19 век , а во 1867 година се испишани дел од престолот и  иконите. Меѓу стилизираните резби  на иконостасот, мајсторите издлабиле свои автопортрети и под нив има  и натпис. Во 1854 година Дичо Зограф  ги насикал повеќето од иконите во црквата.

Во дворот на црквата е  камениот саркофаг  каде се  наоѓаат посмртните останки на  Гоце Делчев (1872-1903), подарени од бугарската комунистичка власт на тогашна Социјалистичка Република  Македонија како дел од СФРЈугославија во 1946 година

Гоцевите патешествија на овој и на оној свет

Патот на Гоце Делчев и во задгробниот и на земниот  живот е полн со преврати , падови и  растежи.. Георги Николов Делчев или Гоце Делчев е роден на 23 јануари 1872 година во семејството на Никола и Султана Делчево во градот Кукуш. На 4 мај 1903 година на тргнат на пат  за да учествува на конгресот на Серскиот револуционерен округ, Гоце Делчев и малата му чета се опколени од аскерот кај селото Баница, Серско. Интересно е дека потерата се води од страна на мајорот Хусеин Тефиков, кој е соученик  на Гоце Делчев од Военото училиште во Софија. Во нерамноправната жестока битка  Гоце Делчев загинува  каде бил и погребан.

Во Втората балканска војна 1913 година с. Баница и гр. Кукуш се опожарени од грчките војски. Во Првата светска војна 1915-1918 година коските на Гоце Делчев се пренесени во Бугарија од неговиот истомисленик, војводата Михаил Чаков и се чуваат во неговиот дом. Потоа се пренесени свечено во канцеларијата на “Илинденската организација”, каде што се чуваат во урна до 1946 г ..

Во Втората светска војна, кога бугарската армија повторноја зазема Вардарска и Егејска Македонија, на 3 мај 1943 година, на општ гроб на периферијата на селото Баница, видни општественици, заедно со сестрите на Гоце – Ружа, Велика и Елена и нивните потомци, поставуваат мермерна плоча со натпис: “во спомен на паднатите борци во с. Баница на 4 мај 1903 година за обединувањето на Македонија  и за вечен спомен на генерациите: Гоце Делчев од гр. Кукуш, апостол и војвода; Димитар Гуштанов од со. Крушево-војвода. Стефан Духов  од с. Трлис-четник; Стојан Захариев од с. Баница-револуционер; Димитар Паланков од с. Броди-револуционер. заветот им беше – Слобода или смрт! “.

По 9 септември 1944 година комуниситкчаката владејачка  БКП на Бугарија, под диктатот на Коминтерната , а на задоволство на  Белград, во пакет со автономија на Пиринска Македонија, Софија ги  пренесува коските на еден од најголемите  херои во Македонија во Скопје.

Посмртните останки на Гоце Делчев се повторно закопани во камен саркофаг во црквата “Свети Спас” во Скопје, каде што се наоѓаат и денес.

 

Слични содржини