Борисов: Разговарав со Заев, институциите навремено да ги утврдат причините за несреќата

од Vladimir Zorba

„Пред неколку минути телефонски разговарав со премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев. Им изразив сочувство на граѓаните на неговата земја кои загинаа во несреќата на автопатот Струма. Верувам дека надлежните институции навремено ќе ги утврдат причините за инцидентот. Го уверив дека жртвите, сместени во УМБАЛСМ „Н. И. Пирогов“, ќе добијат најквалитетна медицинска нега“, сподели поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов во врска со страшната несреќа која се случи синоќа.

Претходно тој сподели дека изминативе 24 часа биле „црни за Бугарија“.

„9 лица загинаа во пожар во селото Ројак.

Четириесет и пет граѓани на Северна Македонија ги загубија животите во запален автобус и сообраќајна несреќа на автопатот Струма.

254 жртви од Ковид 19.

Сочувство до нивните роднини. Бог да ги прости сите!“

Слични содржини