Борисов: Темата со С. Македонија не треба да е најважна кога Бугаринот останува без пари во џебот

од Nikola Popovski

Лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов повторно ги коментира односите меѓу Софија и Скопје. Според него, додека односите со С. Македонија се важни, темата во моментов не може да биде најважна.

„Точно е дека спорот со Северна Македонија е многу важен, како наш сосед, да работиме со нив, но тоа да биде нашата главна цел во моментов е погрешно, кога буквално се вадат пари од џебот на секој бугарски граѓанин“, изјави Борисов, критикувајќи ја тамошната Влада на Петков поради повисоката цена на струјата, објави БНТ.

 

Слични содржини