Борисов: Треба да покажеме дека сме пораснале на Балканот

од Nikola Popovski

Треба да се покаже дека сме пораснале на Балканот. Иднината на земјите од Западен Балкан минува преку нивната евроинтеграција, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов за време на средбата во Давос со хрватскиот колега Андреј Пленковиќ и косовскиот претседател Хашим Тачи.

Премиерот Борисов ги истакна вредностите, кои ги обединуваат земјите-членки на ЕУ, но и државите што сакаат да се приклучат кон европското семејство. Во фокус на разговорот меѓу Борисов, Пленковиќ и Тачи беше значењето и улогата на НАТО за безбедноста во регионот.

Бугарскиот премиер ја поздрави одлуката на хрватското претседателство на Советот на ЕУ да продолжи да ја става европската перспектива на Западен Балкан на европската агенда, како и самитот ЕУ-Западен Балкан, кој е планиран да се одржи во мај во Загреб.

Слични содржини