Браќата Тејт пуштени од затвор во домашен притвор

од Vladimir Zorba

Контроверзниот инфлуенсер Ендрју Тејт и неговиот брат Тристан, осомничени за сексуална злоупотреба и експлоатација, вчера беа ослободени од затвор во Романија и добија 30-дневен домашен притвор.

Апелациониот суд во Букурешт одби да го продолжи превентивниот притвор за браќата Тејт и две осомничени Романки и нареди четворицата уапсени да бидат во куќен притвор, според судските документи, цитирани од Sky News.

Ендрју и Тристан Тејт претходно четири пати неуспешно бараа ослободување од притвор, но нивните барања беа одбиени.

Слични содржини