Бразил во лесна група за Копа Америка 2019

од Vladimir Zorba

Домаќинот Бразил се најде во релативно лесна група за претстојниот турнир Копа Америка 2019 ова лето.

Петкратниот светски шампион е во група „А“ со тимовите на Венецуела, Боливија и Перу. Во натпреварот на отворањето на 14 јуни, Бразил ќе игра со Боливија на легендарниот стадион „Морумби“ во Сао Паоло.

Во група Б е финалистот на последното издание на турнирот – Аргентина. Исто така таму се и екипите на Колумбија и Парагвај, како и дебитантот Катар.

Шампионот Чиле е во групата „Ц“, каде се уште Уругвај, Еквадор и вториот гостин на турнирот – Јапонија.

Во четвртфиналето ќе се квалификуваат првите две екипи од секоја група, како и двата најдобри трети состави во рангот.

Копа Америка 2019 ќе се одржи помеѓу 14 јуни и 7 јули во пет бразилски града – Рио де Жанеиро, Сао Паоло, Бело Оризонте, Порто Алегре и Салвадор.

Слични содржини