Бред Пит го прослави роденденот со 30 години помладата девојка (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Миленикот на жените ширум светот, Бред Пит, деновиве го прослави својот 59-ти роденден во Холивуд, а славниот оскаровец беше придружуван од неговата нова љубов Инес де Рамон.

Пит и 29-годишната дизајнерка на накит, која се разведе од актерот Пол Весли во април оваа година, беа видени како го слават неговиот роденден во ресторан во Холивуд, а насмевките на нивните лица оставија впечаток дека одлично се забавуваат заедно.

Пред неколку дена беа видени на забава во Лос Анџелес како јавно разменуваат нежности, додека се гушкаат и лежерно се дружат со толпата.

Гласините за нивната врска првпат се појавија минатиот месец, кога беа видени како се држат за рака на концертот на Боно во Лос Анџелес. Тие тогаш беа во друштво на Синди Крафорд, Ранде Гербер и Шон Пен.

„На Бред навистина му се допаѓа Инес. Нив ги запозна заедничка пријателка, а таа е многу фина. Таа е слатка, забавна, полна со енергија. Има прекрасна личност. Бред ужива да поминува време со неа“, изјави извор близок до актерот за магазинот People.

Слични содржини