Брисел очекува влада, ВМРО-ДПМНЕ отфрлање на платформата

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Итно да се формира реформска влада, потребно е државништво, а на тактизирање, порача еврокомесарот Хан во Скопје. ВМРО-ДПМНЕ бара отфрлање на платформата или нови избори.

EU - Erweiterungskommissar Johannes Hahn (DW/A. Feilcke)

Да се почитува демократијата и парламентарното мнозинство, да не се потпалуваат меѓуетнички тензии, да се избере претседател на Собранието, итно да се формира реформска влада, бидејќи е потребно државништво, а на тактизирање. Ова се пораките што на денешните средби со лидерите на парламентарните партии ги пренел еврокмесарот Јоханес Хан и европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, јавува DW.  Последна во низата беше средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и единствена на која еден лидер  не им дозволи ниту на медиумите да влезат во салата и да направат инсерти од средбата. Единствената информација од средбата беше твитот од Мајкл Карничник, шефот на кабинетот на Јоханес Хан, кој напиша дека еврокомесарот на Никола Груевски во разговорите му кажал дека итно мора да се формира влада зошто има парламентарно мнозинство. По средбата се огласи Антонио Милошоски кој ги повтори досегашните ставови  -дека има два начина да се надмине кризата: СДСМ да се откаже од платформата на албанските партии или да се оди на нови избори, на кои граѓаните ќе може да се изјаснат што мислат за неа.
„Треба итно да се формира нова влада. Постои парламентарно мнозинство. Конституирањето мора да се респектира“, напиша Карничник на Твитер.

За европска перспектива
Таква нетранспраспарентност немаше по средбите на Хан со другите лидери.
„Пораката на еврокомесарот и европратениците се јасни како бел ден“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со еврокомесарот.
„Се договоривме дека процесите мора да бидат забрзани. Секој ден изгубен за Македонија е изгубен и за македонските граѓани и за европските перспективи на Македонија. Остануваме насочени на демократските процеси во државата, бирајќи претседател на Собранието кој ќе испрати писмо до господинот Иванов, и да ги отстрани тие десет дена. Веќе е презентирана програмата на идната влада и отворање можност за трошење на нови денови е ризично за Македонија“, рече Заев.
Тој соопшти дека еврокомесарот и европратениците испратиле многу позитивни пораки за европската иднина.
„Тие се подготвени, после успешни реформи и отпочнати процеси на реформи сериозно да пристапат кон Македонија, отворајќи ги Поглавјата 23 и 24, да ги забрзаат процесите и да ги охрабрат тие 75 отсто граѓани кои до денеска веруваат во европската перспектива на Македонија. Тоа е само уште една причина повеќе за нас политичарите да носиме брзи и храбри одлуки во интерес на сите граѓани“, рече лидерот на СДСМ.
Јасните пораки од Хан претходно ги пренесе и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, потврдувајќи дека се бараат можности да се надмине кризата и земјата да се врати во нормала со функционални институции.
„Еврокомесарот Хан и европратениците побараа институциите што поскоро да се формираат, земјата да ги надмине сите недоразбирања и сите политички сили да преземат одговорност се до успешното конституирање на институциите. Мора да водиме дијалог и да бараме решенија затоа што не треба да ја донесеме ситуацијата до ниво да ги разочараме нашите пријатели во овој случај ЕУ. Мора да собереме позитивна енергија и да ја насочиме во функција на решавање на кризата, а не на предрасудите кои се голем ризик за можни судири помеѓу етничките заедници или меѓу претставници на иста заедница“, изјави Ахмети.
Тој побара од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да ги надминат нивните разлики и да понудат решение за нормално функционирање на државата. Запрашан што ако претседателот Иванов не се премисли и не го даде мандатот, Ахмети рече дека ДУИ дала поддршка за конституирање на иснституциите, стои на дадениот збор и не бега од одговорноста.

Навреди и свирежи за Хан
Додека зад собраниските врати се одвиваа разговори, на улицата пред парламентот  продолжи протестот на иницијативата „За заедничка Македонија“. Според проценките на организаторите, во Скопје 50.000 луѓе дошле да се спротивстават на Тиранската платформа, односно над 200.000 на вкупно 43 локации. Дел од говорниците директно му се обраќаа на еврокомесарот кој во тоа време зад собраниските врати водеше разговори со партиските лидери.

Mazedonien Proteste Für ein geeintes Mazedonien in Skopje (DW/P. Stojanovski)Пред парламентот и денеска продолжи протестот на иницијативата „За заедничка Македонија“

„Дојдовте да ни помогнете или да ни ја ставите бесилката на вратот? Овој народ нема да си ја предаде татковината. Да барате од нас да ја прифатиме Тиранската платформа е истио како да барате од САД да ја прифати нуклераната програма на Северна Кореја. Пренесете срдечни поздрави до Брисел: Македонија не ја даваме!“, порача Дарко Мијалковски од иницијативата „За заедничка Македонија“.
Присутните на протестот постојано беа повикувани гласно да го „поздрават“ еврокомесарот со свирчиња и труби, кој не сакал да го види народот, но ќе морал да го слушне неговиот глас.
„Не зависиме од ЕУ која е во распад. Од ЕУ бараме ревизија на Букурешкиот договор за да ни го дадат тоа што ни го зедоа“, рече Елена Мисиркова, додавајќи дека „е гордост што Македонците се потомци на македонски кралски династии, што може да се докаже во институти за генетика“.
„Кој губи ако не сака да разговара со 200.000 луѓе“, прашаа некои од говорниците, обраќајќи се до „лошите евробирократи“. Повикаа на заедништво меѓу сите етнички заедници во Македонија, но за време на тој повик во други градови каде што се протестирше ечеше рефренот „нека разберат клетите Шиптари“.
Со свирежи и навреди Хан беше дочекан напладне и пред седиштето на Делегацијата на ЕУ, од вработени од компаниите на Сеад Кочан, кој е во бегство откако Судот му одреди притвор за случајот „Труст“, во кој се товари за злоупотреба на тендер од 17 милиони евра. Дел од неговите вработени ја блокираа крстосницата со камиони на „Трансмет“, градежна компанија на Кочан, па еврокомесарот кон Собранието замина од задниот влез на зградата.

Блокирано и Собранието
Денеска не беа блокирани само крстосниците. Координативната средба во Собранието заврши без успех, а Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, обвини дека ВМРО-ДПМНЕ спротивно на сите демократски принципи ги узурпира институциите.
„ВМРО-ДПМНЕ прво побара да има шест членови во Комисијата за избори и именувања врз основа на застапеноста во Собранието. Тоа им го прифативме, а потоа поставија нов услов. Сега бараат и претседателот на Комисијата да биде од ВМРО-ДПМНЕ и најавуваат дека ако тоа не се случи, нема да продолжи конститутивната седница на Собранието“, рече Спасовски. За утре најави нова координативна средба на која ќе се обидат да ги надминат проблемите. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерава изјави дека граѓаните го губат трпението и процесите мора да се забрзаат.
„Очекувам до крајот на ова недела Собранието да одржи конститутивна седница. Се друго ќе значи банализирање и барање изговори од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е едноставна работа. Седницата треба да продолжи каде што прекина. Убеден сум и верувам дека до крајот на неделата парламентот ќе продолжи со работа“, рече Заев.

Извор DW

Слични содржини