Британската Влада ја поздравува ратификацијата од страна на македонскиот Парламент на договорот за името Заев – Ципрас

од Vladimir Zorba

Владата на Обединетото Кралство срдечно им честита на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за постигнувањето на историски договор за прашањето за името што беше потпишан на 17 јуни.  Обединетото Кралство ја поздравува и ратификацијата од страна на Парламентот во Скопје на 20 јуни и ги поттикнува сите лидери, политички партии и граѓани во двете земји да ги согледаат придобивките што ќе ги донесе решението на овој долготраен спор, соопштува британската амбасада во Скопје.

 

Британија смета дека решавањето на прашањето за името ќе го отвори евро-атлантскиот пат, вклучително и преговори за членство во ЕУ и НАТО, за што се залагаа низ годините владите во Скопје. Ќе се отворат значајни можности за двете земји и пошироко за регионот, преку зајакната безбедност и просперитет.

Во нејзиното писмо до премиерот Зоран Заев на 21 јуни, премиерката Тереза Меј истакна: “Вакво значајно постигнување немаше да биде можно без огромна политичка храброст, визија и лидерство што ги покажаа премиерите Ципрас и Заев. Решавањето на ова прашање ќе донесе огромни придобивки за двете земји и за регионот.
Како долгогодишен пријател, ќе продолжиме да ја поддржуваме Македонија на нејзиниот евро-атлантски пат, како и стабилноста и просперитетот што ќе и го донесе на земјата и регионот.”

Слични содржини