Британски милијардер понуди 4,25 милијарди фунти за да го купи Челзи

од Nikola Popovski

Британскиот милијардер и сопственик на хемискиот гигант Инеос Џим Ретклиф дал понуда од 4,25 милијарди фунти за купување на англискиот фудбалски клуб Челзи, потврди денеска милијардерот.

„Ова е британска понуда за британски клуб. Сакаме да инвестираме во Стемфорд Бриџ за да стане стадион од светска класа. Во спортскиот сектор сакаме да ги собереме најдобрите светски играчи и тренери“, изјави Инеоса.

Сопственикот на Челзи, Русинот Роман Абрамович го стави клубот на продажба на 2 март, откако беше цел на санкции поради руската инвазија на Украина. Ретклиф сака да инвестира две милијарди евра во клубот во период од 10 години, како и три милијарди во добротворни фондации за поддршка на жртвите од војната во Украина.

Британските медиуми наведуваат дека понудата на Ретклиф е убедливо најголема од сите пристигнати понуди, пренесе Бета.

„Сметаме дека Лондон мора да има клуб кој го задржува статусот на град. Клуб кој ќе се одржува на ист начин како Реал Мадрид, Барселона или Баерн Минхен. Оваа понуда е во интерес на навивачите, а не во интерес на профит“, се додава во соопштението.

Челзи се надева дека до крајот на мај ќе добие нов сопственик, за да може без пречки да се подготвува за следната сезона. Сегашните санкции го спречуваат клубот да донесе нови играчи. Во моментов Челзи е трет во Премиер лигата, зад Манчестер Сити и Ливерпул.

Слични содржини