Британски научник: Луѓето со грип или настинка треба да бидат ставени во карантин

од Nikola Popovski

Луѓето кои имаат настинка или грип треба да бидат изолирани неколку дена, изјави еден од водечките британски научници Сер Френк Атертон.

Атертон, кој е водечки медицински експерт од Велс, вели дека кризата со коронавирус треба да ја натера нацијата да размисли „како се однесувавме како општество“ и дека секој со вирусна инфекција мора да се изолира за да спречи ширење на инфекцијата на другите.

Коментарите доаѓаат во време кога Велика Британија се бори со ширењето на сојот омикрон.

Според сегашните правила во Англија, Велс и Северна Ирска, секој што е позитивен на Ковид-19 мора да биде во карантин најмалку седум дена.

Доколку пациентот е негативен на тестот, тој може да излезе од самоизолација по шест или седум дена, додека во Шкотска периодот на задолжителен карантин е најмалку 10 дена.

Слични содржини