Британски служби: Брутални албански банди тргуваат со дрога, за транспорт главни се Србите

од desk2
101 прегледи

Насилни албански банди имаат значајна контрола над трговијата со дрога во Велика Британија, додека Турците и Србите се главни за транспорт на кокаин по море, пишува BBC.

BBC се повикува на годишните процени на природата и нивоата на сериозен и организиран криминал во Велика Британија која ја врши Националната агенција за борба против криминалот (NCA).

Во извештајот се наведува дека српските и турските криминални групи се главни кога станува збор за транспорт на кокаин по море, додека турските и пакистанските групи и понатаму се главни за трговија со хероин.

Меѓутоа, британската полиција посебно е загрижена поради „албанските криминални групи со големо влијание во организираниот криминал“. Како што наведува, албанските банди имаат значајно влијание на пазарот на кокаин, а се карактеризираат со подготвеност на примена на сериозно насилство“. Главно средиште им е Лондон, но ги има ширум Британија.

 

Заменик директорот на NCA Метју Хорн вели дека се работи за мала групша по бројност, но со големо влијание.

Од NCA истакнуваат дека профитот од трговијата со дрога е прилично голем покрај големите меѓународни акции. Како главна слаба страна се истакнува корупцијата на пристаништата и аеродромите.

Се предупредува и на сајбер криминалот од земјите од руско говорно подрачје. Од NCA велат дека сајбер криминалот е потценет, како и дека многу компании не пријавуваат напади за да не им влијае на репутацијата.