Брнабиќ-Петков: Србија сака да види напредок и во европскиот пат на Македонија и Албанија

од Nikola Popovski

Премиерите на Бугарија и Србија, Ана Брнабиќ и Кирил Петков по денешната средба истакнаа дека Софија и Белград меѓу другото се заинтересирани за заеднички пазар на гас и енергија.

Премиерката на Србија на прес-конференцијата рекла дека ќе „оди ако треба и понатаму“ на заедничкиот енергетски пазар што ќе донесе поголема конкурентност на економијата на двете земји.

Тоа би донело придобивки за сите нас и, меѓу другото, би можеле да изградиме повеќе капацитети од обновливите извори на енергија.

Според Брнабиќ, соработката меѓу двете земји може да биде уште подобра, на трговски, економски и заеднички инвестиции.

-За таа цел вредно ќе работиме, нагласи таа и му се заблагодарила на Петков, на кого ова е втора официјална посета откако првата беше на Македонија.

Брнабиќ потенцирала дека поради регионалната стабилност, „важно е Србија да види напредок на европскиот пат и на нашите партнери во Северна Македонија, Албанија и БиХ“. Таа се заблагодарила на Бугарија што ја покажала својата посветеност за решавање на сите отворени прашања за сите да имаат јасна европска перспектива.

Според Петков, регионалното поврзување е важно за Софија како услов за економски развој, со акцент на енергетската поврзаност.

-Заедно сме многу посилни во преговорите надвор од регионот. Нашата грчка врска е приоритет за Бугарија за да има директен пристап до течен гас, појасни бугарскиот премиер.

Според него, постои голем потенцијал за унифициран пазар на гас.

-Верувам дека ќе успееме, рекол тој, додавајќи дека тоа подразбира поврзаност и со Северна Македонија и Грција, како и со Србија и Романија.

Слични содржини