Бројот на повредени во експлозијата во кафуле во Санкт Петербург се искачи на 32

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на повредени лица од експлозијата во кафулето во Санкт Петербург, во која загина воениот дописник Владлен Татарски (вистинско име Максим Фомин), се зголеми на 32, а 10 од нив се во тешка состојба, соопшти руската прес-служба.

Претходно беше соопштено дека во експлозијата се повредени 30 лица.

Меѓу повредените има и 14-годишно девојче.

Слични содржини