131
Бројката на жртвите од земјотресот во Албанија достигна 35 лица, јави синоќа весникот „Албаниан дејли њуз”, на својот сајт, повикувајќи се на официјални податоци.
Претходно беше соопштено за 27 загинати и над 650 повредени. Според податоците на весникот, досега од под урнатините на зградите се извадени приближно 45 преживеани лица.
Операциите на потрага и спасување се уште се во тек, пренесе БТА.
Земјотресот со јачина на ударот од 6,4 степени според Рихтер во вторникот, околу 4 часот утрината по локално време, ја стресе Албанија и околните земји. Најсилно настрадани се реоните на Драч и Тирана.
Владата вчерашниот ден, 27 ноември, го прогласи за Ден на национална жалост.