Един Џеко, без никакви дилеми е еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња од овие простори, а можеби нема да биде претерано ниту ако се каже воопшто во Европа во последните две децении.

Неверојатниот 32-годишен напаѓач од Сараево постигна дури шест гола и запиша асистенција во последните четири меча за Рома и селекцијата на Босна и Херцеговина.
Постигна хет-трик во Плзен во ЛШ, а во понеделникот со два гола капитенски ја сруши сруши Северна Ирска и го лансираше тимот на Роберт Просинечки кон Лига А во Лигата на нациите, односно до плеј-офот за пласман на Европското првенство во 2020 година.
Голгетерот, кој кариерата ја почна во Железничар, а пота стигна до Волфзбург, Манчестер Сити и потоа Рома, одигра досега вкупно 588 натпревари и постигна дури 301 гол.
Има најмногу настапи во историјата на репрезентацијата на Босна и Херцеговина (97), а е и најдобар стрелец на Змаевите со 55 гола.
По натпревар во просек за националниот тим постигнува по 0,57 голови по меч, податок според кој тој е пред незаменливите Роналдо и Меси кога ќе се заокружат бројките.
Португалецот постигна 85 голови во 154 натпревари за репрезентацијата, со просек од 0,55 голови по натпревар, додека Аргентинецот 65 пати ја тресеше мрежата на својата земја во 128 дуели, со просек од 0,51 голови по натпревар.
Џеко е еден од ретките играчи кој успеа да се докаже во три од петте најдобри фудбалски европски лиги. Во Бундес лигата за четири години забележа 85 голови и 35 асистенции и го освои насловот германски првак со Волфзбург.
Потоа пет години го носеше дресот на Мнчестер Сити, каде освои пет титули (од кои две Премиер лиги), а во 189 средби постигна 72 гола и запиша 39 асистенции.
Досега во две години не успеа да освои титула со Рома, но продолжи со фантастичната низа, па во 148 меча постигна 78 гола и запиша 30 асистенции.
https://www.youtube.com/watch?v=9mnjpIAaO9c
„Како годините одминуваат така се чувствувам само подобро и подобро. Всушност, моментално сум во најдобрата можна форма. Станав искусен, зад себе имам голем број на натпревари и физички се чувствувам одлично. Среќен сум во Рим со своето семејство и не сакав да одам во Челзи и покрај подобрата финансиска понуда. Уживам“, порача Џеко во едно неодамнешно интервју.

Џеко има договор со клубот од Олимпико до летото 2020 година, а оваа сезона досега во девет натпревари постигна пет гола и забележа две асистенции, со гол на секои 162 минути во просек.
Босанскиот дијамант едноставно не може да престане да постигнува голови.
https://www.youtube.com/watch?v=sSbERau1EuM