Бројките од пописот нема да го сменат Законот за јазици, вели премиерот

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев денеска истакна дека резултати од пописот нема да доведат до ретроградни процеси.

-Законот за употреба на јазиците, правата на Албанците и на помалку бројните заедници апсолутно остануваат исти и тоа никако не се менува во зависност од севкупната бројка на попишани, во зависност од резиденти или нерезиденти и тука сме на чисто, изјави денеска премиерот Зоран Заев, додавајќи дека Уставот е јасен, законите се јасни и продолжуваат да важат и тука треба да бидеме сите спокојни.

Слични содржини