Не е тајна дека општеството има свои недостатоци. Типични примери се зависноста од технологијата, даноците, дебелината.
Поради една или друга причина, некои луѓе дури и не сакаат да се замислат над овие проблеми, но илустраторот Џон Холокрафт, од друга страна, ги гледа право во очите и ги отсликува сатирично.
Со стил кој потсетува на рекламите на 50-тите години, Холокрафт на неповторлив начин ги доловува денешните социјални проблеми и современото однесување во своите илустрации, а го прави ова на брутално искрен начин.
Илустрациите на Џон Холокрафт може да ги разгледате во нашата галерија.