Бубевски: Ниту една држава не сака да има разузнавач обвинет за злосторничко здружување

од desk2

Обвинителот Гаврил Бубевски од Специјалното јавно обвинителство на денешната седница во Апелациониот суд на која беше разгледана жалбата на Киро Тодоровски, вработен во Агенција за разузнавање и обвинет во случајот „Титаник“, рече дека ниту една држава не би сакала да има разузнавач обвинет за злосторничко здружување.

Адвокатката на Тодоровски, Сања Алексиќ изјави дека очекува да бидат укинати двете мерки на претпазливост. Според неа, во обвинението не се наведени основите на сомнение за кривичното дело што му се става на товар на Тодоровски. Алексиќ наведе дека Кривичниот суд веќе еднаш одбил мерка притвор за обвинетиот, а одлуката била потврдена и од Кривичниот совет.

Тодоровски е обвинет за злосторничко здружување, за двете кривични дела кои му се стават на товар се предвидува казна затвор до 3 години.

Обвинетиот Тодоровски изјави дека се јавувал како сведов за предметот „ТНТ“ како и за предметот „ТЕНК“ и дека нема во план да бега.

„Титаник“ е првиот предмет на СЈО. Се однесува на изборни манипулации, а меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот секретар на Владата, Кирил Божиновски. Обвинети се и судии и поранешни членови на ДИК./А1он

Слични содржини