Бучковски: За да одговориме на овој предизвик со Бугарија, треба да се вратиме назад

од Берта Китинска

„Времето не ни е сојузник. За да одговориме на овој предизвик со Бугарија, треба да се вратиме назад, вели универзитетскиот професор Владо Бучковски во Студио 10 на ТВ24 за тоа дали Бугарија ќе ја блокира Македонија на патот кон ЕУ.

Тој вели дека за  јазикот од бугарска страна се инсистира да се користи формулацијата која ја има во Договорот за пријателство.

„Се обидуваат да направат дистинкција меѓу заеднички и поделено за заедничката историја. Околу малцинските прашања се инсистира да нема мешање во внатрешните прашања. Поприлично се комплицирани работите. Историчарите се обидуваат да извлечат максимум. Не верувам дека заедничката Комисија ќе ги затвори сите прашања. Историчарите си даваат простор за политичарите да ги тргнат препреките. Климата е неповолна, јавноста и кај нас и во Бугарија е ч вствителна. Дали ќе ја најдат формулата двата тима не знам, но просторот за маневар што го има нашата страна не е комотен“  Бучковски.

Слични содржини