Бугарски медиуми: Не 2-ри, туку 1-ви август ќе биде денот Х за односите меѓу Бугарија и Македонија

од desk3
115 прегледи

 

Постои веројатност договорот за добрососедство со Македонија да биде потпишан уште на 1 август вечерта, наместо на 2-ри,  открива  “Монитор”.   Во моментов “експертска група” во Скопје ги прецизира деталите околу посетата.   Преговорите за договорот веќе се завршени, следната недела треба да биде изгласан од Министерскиот совет, а подоцна и ратификуван.   Документот ќе биде потпишан и на двата јазика – бугарски и македонски. Во него се предвидува формирање на работна група за т.н. заедничка историја. Во неа треба да влезат претставници на научните кругови, општественици, историчари. Три месеци по ратификацијата таа треба да се собере, и да види дали двете земји го исполнуваат договорот, ќе се следи и дали продолжуваат да се објавуваат негативни статии во македонските изданија.   Освен тоа Бугарија има намера да го регистрира договорот во ОН и така да му даде  и обврзувачки карактер.

Заев: Договорот со Бугарија е директна одговорност на Парламентот

Вицепремиерот Екатерина Захариева тргнува на турнеја низ земјите од Западен Балкан.   На почетокот на следната недела е посетата во Белград, а потоа директно ќе одлета за албанската престолнина Тирана. Таму ќе биде иницирано прашањето за признавање на бугарското малцинство.   Во моментов во земјата се прифаќа закон за малцинствата а бугарското не е вклучено, но Владата веќе донела мерки и ја раздвижила  постапката.

Во програмата се вклучени посети и во Подгорица, Сараево, Приштина.

Слични содржини