Морбили се шири низ цела Европа , каде имунизацискиот опсег е намален, предупредува Светската здравствена организација (СЗО), цитирана од БиБиСи.

a sick cute girl is measuring the temperature
Најголемите епидемии се во Италија и Романија .
Во првиот месец од оваа година Италија регистрираше над 200 случаи. Романија пријавила повеќе од 3400 случаи и 17 починале од јануари 2016 година.
Морбили е многу заразна болест. Мапите покажуваат дека нема човек или држава која е надвор од дофатот објаснуваат уште од СЗО.
За подобра заштита се препорачува најмалку 95% од населението да се вакцинира против болеста. Многу држави сепак се обидуваат да го постигнат тоа.
Многу од случаите на мали сипаници се откриени во земјите каде што имунизацијата е под ова ниво и инфекцијата е ендемска – Франција, Германија, Италија, Полска, Романија, Швајцарија и Украина.
Од првичните информации за февруари се претпоставува дека бројот на новозаболелите е нагло зголемен прецизираат од СЗО.
Регионалниот директор на организацијата за Европа д-р Сузана Џакаб изјави: “Ги повикувам сите ендемични земји да преземат итни мерки за запирање на ширењето на мали сипаници во сопствените граници и сите држави кои веќе го имаат постигнато тоа, да се справи со нивната блокада и да одржуваат висок имунизацискиопсег “.
Европскиот центар за превенција и контрола на болести соопшти дека меѓу 1 февруари 2016 година и 31 јануари 2017 година Велика Британија регистрираше 575 случаи на мали сипаници.
Вакцината за морбили, заушки и рубеола е достапна за бебиња и деца од предучилишна возраст.
Роб Берлер од регионалната канцеларија на СЗО за Европа, изјави дека постојат голем број причини поради кои опфатот на вакцинација е намален во некои региони.
“Во некои земји, како Украина, има проблеми со снабдувањето и набавки. Имаат долги периоди на време без вакцини, бидејќи се бореле со високите цени”, додава тој.
Потоа доаѓа двоумење за вакцинирање. Некои луѓе се плашат од вакцинирањето , додека други се незаинтересирани или го наоѓаат за непријатно, посочува тој.
Во Франција на пример е потребно луѓето да закажуваат кај својот лекар за да земат рецепт да отидат до аптеката, да земат вакцината и потоа повторно да го посетат лекарот, за да им ја стави.
морбили:
- Неимунизираните мали деца се изложени на висок ризик од морбили и компликации од болеста, вклучувајќи смрт
- Морбили се шири преку директен контакт и воздухот, како кашлица и кивање
- Вирусот останува активен и заразен на инфицираните површини до 2 часа
- Првите знаци на инфекција обично се висока температура и симптоми на настинка, како течење на носот
- Можете да забележите мали бели дамки од внатрешната страна на образите
- По неколку дена осип се развива, обично прво на лицето и вратот, а потоа по телото и екстремитетите
- Заразениот човек може да пренесе вирусот на друг од четири дена пред осип и четири дена
- Нема лек, но две дози од вакцината може да ја спречи инфекцијата на прво место