Царината заплени четири златни алки со вредност од 586 илјади денари

од Nikola Popovski

Запленети се четири златни алки вредни 586.224 денари со вкупна тежина од 77,5 грама, откако истите се пронајдени во женска чанта при детална контрола на патничко возило на граничен премин Богородица на влез во државата. Патничката која патувала како совозач не ги пријавила алките кај царинските органи.

Имено таа заедно со возачот и уште четири лица на влез во државата на прашањето дали имаат нешто да пријават одговориле дека немаат ништо.

Против лицето е поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење” казниво по член 278 од кривичниот законик.

Слични содржини