• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на сајтот
Најнови вести
Шефот на ФСБ: Велика Британија е вмешана во атентатот врз нашиот генерал
Левица: Свесно и системски се ништи македонската меморија – ревизорите со негативен извештај за Државен архив
ЕУ нема да ги прифати новите царини, го повикува Вашингтон да го почитува трговскиот договор
Кина ги престигна САД како главен трговски партнер на Германија
Британскиот министер за одбрана сака да испрати војска во Украина
ПРОЧИТАЈТЕ: www.standard.mk | www.biznisinfo.mk
Локално
Локално
  • Македонија
  • Интервјуа
  • Колумни
  • Анализи
  • Скопје
  • Економија
  • Регион
  • Европа
  • Денешни
АктуелноГраѓанскиПолитикаПрепорачаниСлајдер

Чадиковски: Почнаа црни кампањи по мојата кандидатура, затоа велам ни треба силно ЗНМ!

од desk4 14/12/2018 19:57
14/12/2018 19:57 135 прегледи
135

 

Црната пропаганда што некои од националните телевизии се обидуваат да ја протнат на мала врата пред утрешниото Собрание на ЗНМ, каде треба да се избере ново раководство на ова здружение е смислен атак за мое оцрнување ,  порача Младен Чадиковски фаворитот пред утрешниот избор на нов лидер на ЗНМ
ЗНМ и после ова Собрание треба да продолжи да биде силен коректив во општеството,  во однос на новинарските слободи и професионализација на фелата, и ниедна тенденциозна и злонамерна пропаганда нема да ја ослаби улогата на здружението, вели Младен Чадиковски во однос на зачестените напади кои се случија по обелоденувањето на кандидатурата.
Во продолжение неговото интервју за Фактор:

Зошто се решивте да се кандидирате за претседател на ЗНМ, некои велат позицијата е атрактивна, но други велат, така ќе си создадете повеќе непријатели?

Чадиковски: Видете, навистина не знам дали позицијата е атрактивна или дали ќе имам повеќе непријатели. Друго е прашањето, што ние како фела можеме да направиме за подобрување на работите. Чувствувам дека можеме многу и дека сега е моментот. Да го вратиме новинарството на вистинските патеки, седма сила. Коректор на политиките што ги практикуваат властите…

Мислите дека новинарството треба да се занимава само со властите?

Чадиковски: Новинарството треба да се занимава со сите проблеми што ги тиштат граѓаните, ако во Владата е извориштето на проблемите, или во институциите, нормално е новинарството да биде критичар на власта. Добронамерен, за да го подобруваме општеството. Затоа велам, треба да се занимаваме со суштината на новинарството, да истражуваме, известуваме, да бидеме Воч дог врз политиката и бизнисот–таму се парите, а каде што има пари има и корупција. На крајот на денот нема да е важно дали ќе создадеме непријатели, туку колку новинарите ќе имаат нови пријатели и фанови меѓу гледачите и читателите. Целта е да ги вратиме луѓето пред телевизија, да продолжат да купуваат весници, или кога ќе читаат онлајн медиуми, да знаат кому му веруваат, а кому не, кој произведува фејк њуз, а кој разработува теми, анализира, коментира.

Така што да се вратам на првото прашање, вистината е дека мојата кандидатура произлезе од разговорите со повеќемина колеги, некои од нив во самото ЗНМ. Работата е многу повеќе одговорна, одошто атрактивна, особено сега кога ЗНМ е силно здружение. Но, се прашувам дали е доволно само ЗНМ да биде силна организација. Не, мислам дека е многу поважно новинарството да биде силно, новинарската професија да си ја врати атрактивноста.

Пред нас е изборното собрание на ЗНМ, за што се залагате за да се подобрат состојбите во новинарството?

Чадиковски: Има неколку важни столба во мојата програма, донесување на закони кои се потребни за реформите во медиумската сфера, создавање на силна МРТВ со силна дописничка мрежа, саморегулација во онлајн медиумите, создавање услови за работа на младите новинари, за истражувања, за истражувања во локалната корупција, крај на политиката на неказнивост, да се расветлат сите напади на новинари и напаѓачите да се изведат пред лицето на правдата. Исто таа ослободување на медиумите од клиентелистичките релации меѓу политиката и бизнисот.

целото интервју тука

Сподели FacebookTwitterPinterestLinkedinWhatsappTelegramViberEmail

Анкета

Facebook

Lokalno

Најново

  • Шефот на ФСБ: Велика Британија е вмешана во атентатот врз нашиот генерал

    22/02/2026 19:49
  • Левица: Свесно и системски се ништи македонската меморија – ревизорите со негативен извештај за Државен архив

    22/02/2026 19:30
  • ЕУ нема да ги прифати новите царини, го повикува Вашингтон да го почитува трговскиот договор

    22/02/2026 19:12
  • Кина ги престигна САД како главен трговски партнер на Германија

    22/02/2026 18:31
  • Британскиот министер за одбрана сака да испрати војска во Украина

    22/02/2026 17:51

Од Уредникот

  • Дали Ристоска се „елиминира“ во атмосфера на политички притисок: „Функцијата државниот јавен обвинител ризикува да стане формален избор, наместо суштински столб на правната држава“

    21/02/2026 12:25
  • Земјоделците револтирани од кратење на субвенциите, најавуваат протести

    21/02/2026 10:15
  • Интервју со Тошковски: Пораката до сите што мислат дека Македонија може да биде транзит или пазар е јасна и тука повеќе нема плодна почва за нарко-криминал

    21/02/2026 9:20
  • Калајџиев: Раичевиќ и Савeски се вистинските луѓе за нов државен јавен обвнител, но Тополова е нескриен фаворит на ВМРО-ДПМНЕ

    20/02/2026 11:20

Колумни

  • Да се помолиме за премиерот

    19/02/2026 9:22
  • Потекло на Мициленд: Тито, „топлиот зајак“ и Голи оток

    16/02/2026 14:03
  • Вештачката интелигенција – закана или можност за македонскиот туризам?

    04/02/2026 11:49

Скопје во срце те носам

Скопје во срце те носам
  • Facebook
  • Twitter
  • Rss
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на сајтот

© Авторски права 2026 - Сите права се задржани.

Политика на сајтот

Текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини што ги објавува „lokalno.mk" се авторски.
Во ниту еден случај не е дозволено нивно бесплатно преземање без дозвола од редакцијата на Lokalno.
Доколку се добие дозвола, текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини дозволено е да се преземат со задолжително наведување на изворот и авторот со вметнување на директна интернет-врска (линк) до оригиналната содржина на „lokalno.mk".
При добивање на одобрување од редакцијата за превземање на текст, може да се превземе само дел од новинарско дело насловот, придружната фотографија (односно насловната фотографија) и воведниот дел на текстот, познат како „лид"
Преземање содржини од „lokalno.mk" надвор од овие услови не е дозволено и подложи на санкционирање согласно Законот за авторски и сродни права.

Локално
  • Македонија
    • Политика
    • Хроника
  • Интервјуа
  • Колумни
  • Анализи
  • Скопје
  • Економија
  • Регион
  • Европа
  • Денешни