Чаир, Гази Баба и Бутел на чело по бројот на активни случаи

од Vladimir Zorba

Во изминатите 24 часа од направени 1296 тестирања регистрирани се 147 нови случаи на КОВИД-19. Институтот за јавно здравје регистрира и 111 оздравени пациенти. Од КОВИД-19 во овој период починале шест лица.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 409
• Аеродром – 150
• Бутел – 162
• Гази Баба – 189
• Центар – 143
• Карпош – 163
• Сарај – 149
• Кисела Вода – 109
• Ѓорче Петров – 114
• Студеничани – 110
• Шуто Оризари – 86
• Арачиново – 50
• Илинден – 32
• Петровец – 16
• Чучер Сандево – 18
• Сопиште – 14
• Зелениково-6
• Странец – 2
• Нераспределен- 65.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 37 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19 и пет деца позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 120 пациенти. На респираторна машина се шест пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 95 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Слични содржини