Еден од тројцата члеенови на изборната комисија, Тамара Чаусидис, за АКО.мк вели дека изборот на Младен Чадиковски за претседател на ЗНМ е легитимен.
,,Како член на комисијата немам дилема де
ка изборот на Чадиковски е спроведен транспарантно и е легитимен. Тоа е тесна победа, но е победа“-вели Чаусидис.
Таа додава дека во тричлената комисија која ги броеше гласовите е избрана по предлог на колеги на самото изборно собрание, а еден од членовите е по предлог на Горан Трпеноски, кој прв објави на ФБ дека изборот на Чадиковски не е легитимен.
Од насловната фотографија се гледа дека токму Трпеноски го набљудувал броењето на гласовите, а тоа е пвторено два пати:
,,Гласањето почна по 14 часот, а сите регистрирани членови кои беа присутни на изборното собрание беа по име читани и повторно регистрирани дека се присутни за гласање“-вели Чаусидис.

По регистрацијата, утврдено е дека за гласање се присутни 169 членови, а 6 во меѓувреме си заминале. Пребројувањето е извршено транспарентно и со посебен надзор(слика 1), два пати, и притоа се утврдени 6 неважечки ливчиња.
,,За Младен глсаа 86, а за Столе 77. Така што како член на комисијата, воопшто немам дилеми дека изборот на претседател на ЗНМ е легитимен. Не сум правник да толкувам правилници, ама како новинар логично знам дека 86 е повеќе од 77. 169 поделено на два е 84, 5. Така што изборот на Младен Чадиковски е легитимен“-вели Чаусидис.
Претходно, Горан Трпеноски од порталот СДК, го оспори легитимитетот на Чадиковски:
,,На Собранието на ЗНМ беа присутни 175 од 555 членови. Чадиковски доби 86 гласови, а противкандидатот Столе Наумов – 77. За да биде избран претседателот на ЗНМ, треба да добие мнозинство од присутните. На Чадиковски му беа потребни 88 гласа за да победи во првиот круг, а не 86, колку што доби“-тврдеше Трпеноски.
Чадиковски не сакаше да го коментира броењето на гласовите, бидејќи тој бил кандидат и не учествувал во тој процес.
Младен Чадиковски доби честитки за изборот од Меѓународната федерација на новинари./Ако.мк