Чави: Мојата одлука да заминам останува непроменета

од Vladimir Zorba

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, зборуваше со новинарите во пресрет на утрешното гостување кај Атлетик Билбао во Ла Лига.

„Го анализиравме противникот, неодамна испаднавме од нив. Сега се најсигурни откако удобно минаа во полуфиналето на Купот на Кралот против Атлетико Мадрид. Тие загубија само еден натпревар во Ла Лига и тоа беше на стартот против Реал Мадрид, на тежок стадион. Одлична можност да се освојат три бода на толку тежок терен“, изјави тренерот на „каталонците“.

Тој исто така прокоментира дека останува неговата одлука да го напушти клубот.

„Имавме една недела добро да се подготвиме. Има денови кога понекогаш немаш време ни да тренираш, физички немаш време затоа што треба да се одмориш и да се опоравиш. Не станува збор за одлуката што ја донесов, ништо не се промени. Одиме чекор по чекор и размислуваме за Атлетик утре. Денеска нема промена во мојата одлука да си заминам на крајот на сезоната, се е исто“, изјави тој.

Слични содржини