Чави по 0-0 со Рајо Ваљекано: Има разочарување

од Vladimir Zorba

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез го изрази своето разочарување по ремито без голови против Рајо Ваљекано на стартот од Ла Лига.

„Го разбирам разочарувањето, на нас се полагаа големи надежи. Ќе мора внимателно да го анализираме натпреварот и да видиме каде погрешивме. Продолжувам да верувам во нашиот модел на работа и очекувам резултатите да дојдат“, изјави легендарниот фудбалер и додаде:

„Рајо Ваљекано бранеше одлично и не ни дозволи да создаваме шанси. Тажно е затоа што сакавме да им покажеме на навивачите дека сме на вистинскиот пат. Сега само барам трпение“.

Слични содржини