Челзи има нов менаџер: Потер потпиша петгодишен договор!

од Nikola Popovski

Грем Потер и официјално стана нов менаџер на Челзи бидејќи во четвртокот беше објавено дека потпишал петгодишен договор.

Можеби е невообичаено, но Грем Потер потпиша петгодишен договор со Челзи. Во време кога често се менуваат тренери по само неколку натпревари, овој Британец потпиша долгорочен договор, што докажува дека сините имаат огромна доверба во овој човек.

На официјалниот сајт на Челзи пишува дека Потер ќе биде човекот кој ќе донесе напреден фудбал во клубот и кој ќе внесе новини во играта на „Сините“. Според веб-страницата на Челзи, Потер е еден од најзанимливите тренери на денешницата.

Инаку, тој почна со тренерската работа баш во Челзи, а последните четири сезони е во Британија. Беше тренер на Свонси и Брајтон. Со „Галебите“ го имаше најдобриот резултат во историјата на клубот во Премиер лигата.

Потер го замени Томас Тухел кој и покрај одличните резултати во претходните години и освојувањето на Лигата на шампионите, доби отказ поради лошиот старт оваа сезона.

Слични содржини