Челзи може да продава билети за ФА Купот, гостувањата и ЛШ

од Nikola Popovski

Добри вести конечно доаѓаат на Стемфорд Бриџ. Челзи ќе може да продаде одредена сума на билети и да добие 30 милиони фунти од спонзорите.

Правилата според кои британската влада му даде лиценца на Челзи да го одржува клубот по воведувањето на санкциите кон Роман Абрамович и замрзнатите средства беа малку олеснети во средата.

Челзи сега ќе може да добие до 30 милиони фунти од своите спонзори и партнери, со што ќе го реши проблемот со ликвидноста на клубот и подмирување на обврските на клубот кон играчите и вработените.

Дополнително, има добри вести за навивачите – Челзи повторно ќе може да продаде одредена сума на билети, вклучувајќи го и за полуфиналниот меч од ФА Купот како и за дуелот од Лигата на шампионите со Реал, но ова олеснување не важи за натпреварите на кои Челзи е домаќин на Премиер лигата.

„Денес Владата направи одредени промени кога е во прашање лиценцата која му е дадена на Челзи. Навивачите на тој начин ќе можат да купат билети за гостувањата, куп натпреварите и дуелите на женскиот тим“, потврди министерот за спорт во британската Влада, Најџел Хадлстон.

„Би сакал да им се заблагодарам на навивачите за трпението додека работевме на сите можни решенија. Откако Роман Абрамович беше додаден на списокот на лица на кои им беа изречени санкции поради неговата поврзаност со Владимир Путин, интензивно работевме на начинот клубот да игра, но тоа да не ги прекршува санкциите“, додаде министерот.

Слични содржини