Челзи поради Абрамович може да остане без ЛШ

од Nikola Popovski

Се чинеше дека продажбата на Челзи е завршена, се е договорено, но зделката меѓу Роман Абрамович и холивудскиот магнат, милијардер и сопственик на Доџерс од Лос Анџелес, Тод Боли, може многу лесно да пропадне.

Според новинарот на Скај, Марк Кајман, „тешката“ зделка од 4,25 милијарди долари се заканува да пропадне поради крајно нелогичниот потег на се уште актуелниот сопственик на клубот Абрамович.

Русинот наводно не го обезбедил потребното осигурување на лиценцата, потребна за да се заврши зделката вредна 2,5 милијарди фунти што треба да ги добие Абрамович, по притисокот од министрите од британската влада.

Во случај да не се постигне договор, Челзи би се нашол во големи проблеми бидејќи би му се заканувало исфрлање од одредени клупски натпреварувања, пренесува Скај.

Очигледно има уште простор за договор, но со оглед на роковите пред тимот од Лондон, јасно е дека на „сините“ им претстои крајно бурно лето.

Слични содржини