Челзи со резервите против Хул, се чува за Барса

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте, ќе направи големи промени во својот тим за мечот против Хул Сити во петтиот круг од Купот на Англија. Средбата е во петок и е токму пред серијата на „сините“ од последователни натпревари со Барселона, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

„Сигурно пред нас се две многу тешки недели. Од таа причина мислам дека е редно да имаме план за овие две недели. Во исто време ќе се потрудиме за да се квалификуваме за следниот круг на турнирот за ФА Купот“, рече Конте.

Челзи се наоѓа на четвртото место во Премиер лигата на Англија, откако заостанува со 19 поени од лидерот Манчестер Сити на 11 кола пред крајот. „Сините“ сепак ќе треба да се исборат со Тотенхем и Арсенал, кои исто така бараат место во Лигата на Шампионите следната сезона.

„На почетокот на сезоната секој турнир е приоритетен. За нас сега има три приоритетни натпреварувања“, додаде Конте.

Тимуе Бакајоко и Рос Баркли, како и Давид Луис ја пропуштаат средбата со Хул поради повреди, додека учеството на Оливие Жиру и Маркос Алонсо во средбата е под знак прашалник.

Слични содржини