Чешка испраќа милион маски за Македонија

од Берта Китинска
144 прегледи

Воен авион со донација од Чешката Република денеска треба да слета на Скопскиот аеродром.

Секретаријатот за европски прашања информира дека воениот авион со помош за Македонија вчера полетал од Прага, но поради технички причини не слетал во Скопје, по што повторно се вратил во Чешка.

Вицепремиерот Бујар Османи, во улога на Национален координатор на странска помош во земјава, се очекува да ја пречека донацијата – помош за справување со КОВИД – 19 од Република Чешка, што се состои од еден милион маски.

Слични содржини