Чешка: Претседателски кандидат повикува на војна со Русија во лажно видео

од Vladimir Zorba

Претседателскиот кандидат, пензионираниот генерал на НАТО, Петр Павел, кој во вториот круг од претседателските избори на 27 и 28 јануари ќе се бори со поранешниот премиер и претседател на најсилната опозициска партија АНО Андреј Бабиш, денеска ја демантираше лажната снимка на која наводно повикува на војна со Русија.

„На интернет се шири лажно видео. Видете го оригиналот на моите одговори на прашањата на една госпоѓа во Острава. На крајот ќе видите како ми ги уредија одговорите. Лагите и манипулациите нема да победат на овие избори. Ве молиме споделете ја вистината“, напиша Павел на Твитер.

Павел на Твитер го објави вистинското и лажното видео од разговор со гласачите во Острава, третиот по големина град во Чешка, кој се смета за индустриско срце на земјата.

Во лажното преуредено видео, Павел тврди дека Чешка може да и помогне на Украина со тоа што ќе војува со Русија.

Андреј Бабиш вчера на вонредна прес-конференција соопшти дека на 19 јануари добил писмо во кое имало куршум и закани упатени до неговата сопруга Моника.

Слични содржини