Чешка призна дека имаат корист од конфликтот во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Ополномоштениот претставник на чешката влада за обнова на Украина, Томаш Копечни, изјави дека неговата земја има финансиски корист од помошта за Киев во форма на исплати на Чешка од сојузниците на НАТО за испорака на опрема во Украина, како и нагло зголемување на производството на воената индустрија и добивање работна сила за економијата во форма на украински бегалци.

„Чешката Република потроши десетици милијарди круни за да ѝ помогне на Украина, но да се разбереме, Чешка доби уште повеќе благодарение на помагањето на Украина“, рече тој во интервју за Чешкото радио.

Според Копечни, Чешка не издвоила пари во буџетот за испорака на воена помош за Киев, туку ја добила од странски партнери, пред се од Данска, Холандија и Америка, пренесува „Спутник“.

Само во 2023 година, земјата доби повеќе од 1,5 милијарди евра од Данска и Холандија. Копечни додаде дека вкупната сума ќе биде многу поголема.

Слични содржини