Чешкиот премиер: Можеме да ја користиме Спутник V и без одобрение од ЕУ

од Nikola Popovski

Премиерот на Чешка, Андреј Бабиш денес изјави дека земјата може да започне со употреба на руската вакцина Спутник V против коронавирусот дури и без одобрение од Агенцијата за лекови на Европската унија (ЕМА), пренесува Ројтерс.

Бројот на случаи на коронавирус се зголеми во Чешка во последните неколку недели, така што таа земја сега е рангирана меѓу најлошите во светот според бројот на инфекции и смртни случаи од Ковид-19, пишува Гардијан.

Бабиш на 10 февруари соопшти дека Чесите ќе чекаат одобрување од ЕМА пред да започнат да ја користат вакцината. Исто така, Франција се очекува да ѝ обезбеди на Чешка 100.000 дози вакцини од Фајзер/Бионтек до средината на март.

Слични содржини