Чесите со најлоши бројки во Европа: Коронавирусот се шири со „метеорска брзина“

од Nikola Popovski

Во Чешка, дневните рекорди за новоинфицирани со коронавирус се утврдуваат од ден на ден од почетокот на октомври, а во средата се забележани 5.335 позитивни тестови, додека бројот на смртни случаи достигнал 829 од почетокот на пандемијата, според новите податоци на чешкото Министерство за здравство.

Во моментов има 43.764 активни случаи, од кои 1.563 се во болници, што е зголемување за 50 проценти од почетокот на октомври, а бројот на пациенти во сериозна состојба на кои им е потребна интензивна нега или дишење скокна за три четвртини од почетокот на октомври на сегашните 354. Со ова Чешка изби на чело на листата европски земји со најголем збирен пораст за 14 дена. Втора е Шпанија со 248, Белгија со 234, додека Германија има само 35.

„Секој гледа дека тие бројки се зголемуваат. И не само новопотврдени, туку и луѓе во болница, а и смртни случаи. Тие броеви ќе растат отприлика уште две недели“, вели министерот за здравство на Чешка, Роман Примула кој во петок ќе ги соопшти најновите мерки што ќе стапат на сила од понеделник.

Од почетокот на пандемијата во Чешка со корона вирус се заразиле вкупно 95.360 луѓе.

Најлошо погоден регион не е Прага, како што беше во септември, туку Ухерске Храдиште на југот на земјата, каде што во текот на последната седмица се регистрирани 413 новозаразени на 100.000 жители.

Сепак, во земјата не загрижува толку бројот на новозаразени, колку метеорската брзина со која вирусот се шири од септември.

Забрзувањето најдобро се покажува со фактот дека до првите 10.000 позитивни случаи се дојде за три месеци, следните 10.000 се евидентирани за два месеца, за следните 10.000 беа потребни три недели, а за најновите 10.000 само три дена. Од вкупно повеќе од 90.000 заразени половината се од септември наваму.

Слични содржини